Русија изврши ракетен напад врз Украина – Зеленски: 14 загинати, меѓу нив шест деца, цел свет гледа дека Русија не сака мир

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го коментираше вечерашниот руски ракетен напад врз Криви Рих, неговиот роден град. Тој наведува дека во нападот загинале 14 лица, од кои шест деца.
„Руска ракета погоди обичен град, улица во станбена зона. Според првичните информации, станува збор за напад со балистичка ракета. Досега се потврдени 14 смртни случаи, меѓу кои шест деца. Сочувство до семејствата и најблиските“, рече Зеленски, кој објави и вознемирувачки фотографии од последиците од нападот.
Тој додаде дека спасувачките операции се уште се во тек и дека најмалку пет станбени згради се оштетени.
„Руските напади се случуваат секој ден. Луѓето умираат секој ден. Има само една причина зошто тоа продолжува: Русија не сака примирје, а тоа е јасно – нам и на целиот свет. Секоја ракета, секое беспилотно летало докажува дека Русија сака само војна. Само меѓународниот притисок врз Русија, секој напор за зајакнување на Украина – нашата противвоздушна одбрана и нашите сили – може да одреди кога ќе заврши оваа војна“, рече тој.
Зеленски ги повика светските лидери на поодлучни акции: „САД, Европа и остатокот од светот имаат моќ да ја принудат Русија да се откаже од теророт и војната. Ова мора да се постигне, ни треба мир“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изврши ракетен напад врз Украина –…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски го коментираше…
„Јовано, Јованке“ во изведба на Стјепан Хаусер:…
Светски познатиот виртуоз на виолончело, Стјепан Хаусер…
Трагедијата во Кочани главна тема на средбата…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба…
Заробена мечка во стапица во Ресен –…
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека преку Единствениот…
Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои…
Од страна на Одделот за внатрешна контрола,…