Русија инсистира на ослободување на Николас Мадуро
Русија инсистира на ослободување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој беше заробен и префрлен од Венецуела во САД, изјави за руските медиуми заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков. „Првиот чекор, без кој сè друго останува чисто хипотетички, е ослободувањето на Мадуро и неговата сопруга“, рече заменик-министерот, одговарајќи на прашањето дали Русија би била подготвена да му обезбеди засолниште на Мадуро доколку тој биде ослободен.
„Но, бидејќи ова (заробувањето на претседател) веќе се случи, потребно е да се инсистира на ослободување на претседателот на Венецуела“, нагласи Рјабков. Тој додаде дека посебно прашање е каков ќе биде идниот план на Русија. „И едноставно нема смисла да се зборува за тоа сега“, додаде Рјабков. За потсетување, во сабота, 3 јануари, околу 2 часот по локално време, САД го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, во воена операција во Каракас. Тие беа однесени во Њујорк, каде што ќе се соочат со судење по „обвинение за трговија со наркотици“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија инсистира на ослободување на Николас Мадуро
Русија инсистира на ослободување на венецуелскиот претседател…
Песков: На власт во Европа се некомпетентни…
Европските земји, кои се ослободија од зависноста…
НАТО сака да создаде „автоматизирана одбранбена зона“…
НАТО планира во следните две години да…
Договорен датум за нови преговори меѓу Русија…
Следната рунда разговори меѓу Украина и Русија,…
Заврши првата рунда преговори меѓу Киев, Москва…
Преговорите меѓу делегациите од Москва, Вашингтон и…