Русија тврди дека и Полска е вмешана во обидот за атентатот на генералот
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот за атентат врз генералот Владимир Алексеев во петокот бил нарачан од Безбедносната служба на Украина. ФСБ, исто така, наведува дека полската разузнавачка служба учествувала во регрутирањето на напаѓачите, јавува новинската агенција Интерфакс.
Не се понудени докази за овие тврдења. Украина негираше каква било вмешаност, додека Полска сè уште не ги коментираше обвинувањата. Во меѓувреме, руските безбедносни претставници објавија дека вчера од Дубаи во Москва бил екстрадиран руски државјанин роден во Украина. Тој е осомничен дека сериозно го повредил генералот Алексеев.
Алексеев, заменик-шефот на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, беше застрелан во неговата станбена зграда во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Руските истражители во петокот објавија дека непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон генералот и избегал.
Алексеев бил успешно опериран и се освестил, но и натаму е под медицински надзор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тврди дека и Полска е вмешана…
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот…
Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за…
Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот…
Зеленски: САД и Русија не смеат да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупредува дека постои…
Европската комисија предлага нов пакет санкции против…
Европската комисија предложи 20-ти пакет санкции против…
Два аеродрома во Полска затворени поради руски…
Два аеродрома во југоисточна Полска се привремено…