Објавено на:

Руте: Ако некој ја нападне Романија, 31 држава ќе притрча да помогне – така функционира НАТО

t

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во средата изјави дека колективната сила на Алијансата ја прави „апсолутно непобедлива“, изразувајќи уверување дека никој нема да се осмели да нападне ниедна земја членка, пренесе „Анадолија“.

„Ако оваа земја биде нападната, ќе има 31 друга држава што ќе ѝ притрча на помош на Романија. Така функционира НАТО. И мислам дека тоа нè прави непобедливи — апсолутно непобедливи. И токму затоа верувам дека никој никогаш нема ни да се обиде,“ рече Руте на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Никушор Дан во Букурешт.

Руте нагласи дека Романија е стабилен и ценет сојузник, кој има водечка улога во стратешки важниот регион на Црното Море. Тој ги пофали Романија, Бугарија и Турција за нивните заеднички напори во проширување на операциите за чистење мини и патроли во тој дел на регионот.

Тој истакна дека вниманието на НАТО останува високо поради повторените упади на руски дронови во романскиот воздушен простор.

„НАТО ги сфаќа овие инциденти исклучително сериозно и ќе останеме будни. Одвраќањето е темелот на нашата одбрана, и затоа јасно ставаме до знаење дека НАТО е подготвена, решена и способена да направи сè што е потребно за да се одбрани,“ нагласи Руте.

Осврнувајќи се на неодамнешната одлука на САД да го намалат военото присуство во неколку земји на источниот крил на Алијансата, вклучувајќи ја и Романија, Руте смирува, велејќи дека таквите прилагодувања се рутински.

„САД имаат големо присуство во Европа и тоа присуство останува. Такви прилагодувања се случуваат. Ве молам, не придавајте им преголемо значење,“ рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте ја презеде функцијата генерален секретар на…

Поранешниот холандски премиер Марк Руте денеска ја…

Руте: ЕК да си го затегнат ременот,…

Европската комисија треба да го затегне ременот,…