Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за германскиот весник Билд, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е главна пречка за мирот во Украина.
Руте одговарајќи на прашање зошто е толку тешко да се стави крај на војната во Украина, посочи оти „причината е Путин“, кој е „подготвен да жртвува 1,1 милион свои граѓани“.
-Оваа година неговиот (на Путин) напредок беше минимален: занемарливи територијални придобивки, помалку од еден процент од територијата на Украина од почетокот на годината и, според нашите процени, 1,1 милион луѓе се убиени или ранети на руска страна – наведе Руте.
Според него, неколку европски држави, доколку е потребно, се подготвени да испратат војници во Украина.
-Се работи за дефинирање на прецизната структура на Коалицијата на подготвените: Како би се одвивало распоредувањето? Што би се случило на копно, на море, во воздух? Сите овие елементи сè уште се разработуваат – посочи Руте.
Тој истакна дека „има многу почит“ за американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи „тој е единствениот кој успеа да го доведе Путин на преговарачка маса и единствениот кој конечно може да го натера да склучи мир“.
Руте наведе и дека не очекува САД да ја повлечат поддршката за Украина и оти ќе продолжи размената на информации и испораката на оружје за Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Путин е главната пречка за мирот…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во…
Во Козле хоспитализирани се 60 деца со…
Во периодот од 8 до 14 декември…
Загадениот воздух зема над 3.500 жртви годишно,…
„Safe City беше воведен со цел да…
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи…
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи…
Расчинетиот британски принц блудничел на семејниот имот:…
Поранешниот британски принц Ендру се чини дека…