Руте: Само Трамп може да го натера Путин да постигне мир
Американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот кој може да го доведе рускиот претседател Владимир Путин на преговарачка маса кога станува збор за војната во Украина и единствениот кој на крај може да го натера да склучи мировен договор, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Тој целосно ја разбира заканата што ја претставува Русија и сака да ја заврши оваа војна. А тоа значи дека мора да има компромиси. Така е секогаш кога станува збор за мировен договор. И Трамп целосно се согласува дека ни се потребни овие безбедносни гаранции како дел од мировниот договор. Трамп е единствениот кој може да го држи овој сојуз на куп“, изјави Руте во интервју за „Билд“.
Според зборовите на Руте, клучно е да се обезбеди Украина никогаш повеќе да не биде нападната по прекинот на огнот или по постигнувањето мировен договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: Само Трамп може да го натера…
Американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот кој…
Српските студенти собираат потписи за избори: „Распиши…
Студентите во блокада во Србија денес организираа…
Возач остави пари на шалтерот – обид…
МВР информира за обид за поткуп на…
Илјадници Македонци вријат: Државата бара огромни даночни…
Околу 3.000 граѓани од Куманово, кои работеле…
Од телевизија го знаеле – ЗНАМ: Немаме…
Движењето ЗНАМ за наша Македонија реагираше на…