Санчез: Шпанија е подготвена веднаш да започне со формирање војска на ЕУ
Шпанија е подготвена да работи на создавање заедничка војска на Европската Унија „уште утре“, бидејќи тоа е единствениот начин европските земји да добијат на значење во одбраната, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.
На форумот „European Pulse“ во Барселона, Санчез истакна дека создавањето заеднички сили не е прашање на избор, туку неопходност поради војните во Украина и на Блискиот Исток. Според него, ЕУ е составена од „просечни сили“ кои можат да бидат влијателни само доколку настапуваат заеднички.
– Подготвени сме да напредуваме кон заедничка европска војска веднаш, за да не дозволиме други да ја користат нашата ранливост – порача Санчез.
Шпанскиот премиер го изнесе овој став во време на кревко примирје меѓу САД и Иран и израелските напади врз Либан. Мадрид претходно го одби барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на воените трошоци на пет отсто од БДП и го затвори својот воздушен простор за авиони кои би учествувале во напади врз Иран, заштитувајќи ја и зоната околу Ормуската Теснина од дополнителна ескалација. Поради овие одлуки, Трамп во март ѝ се закани на Шпанија со трговски санкции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Санчез: Шпанија е подготвена веднаш да започне…
Шпанија е подготвена да работи на создавање…
Хезболах го предупреди Либан пред разговорите во…
Лидерот на Хезболах во петокот ги повика…
Трамп најави нови напади врз Иран доколку…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војската…
Германски генерал предупредува: Балканот мора да се…
Инспекторот на германската копнена војска, што во…
Голема мечка снимена од безбедносни камери во…
Безбедносните камери во селото Горна Белица, лоцирано…