Светски икони – мода, филм, музика, стил: Енди Ворхол – најголемата поп-арт икона

t

На вчерашен ден пред 94 години роден е Енди Ворхол. Ниту еден уметник во американската историја не бил познат, ценет, сакан и влијателен како него. Тој е типичен Lovemarks на американски начин. Уметник е само едно од неговите звања, бидејќи тој исто така беше издавач на магазини, музички промотор, режисер, сликар, колекционер, културен критичар, дизајнер и што ли уште не… Без разлика на изборот на медиумите, делата на Енди Ворхол главно беа шокантни (и сè уште се), навредувачки, провокативни, генијални и многу влијателни врз јавното мислење. Влијанието беше на начин, на кој не успеала дотогаш ниту една културна фигура во современа Америка.

И покрај ширината и обемот на неговата уметност, главната преокупација на Ворхол беше тој самиот. Успеа од себе да направи непроценлива марка, еден вид културен бренд со најмоќни обележја.

Прифаќајки го парадоксот тој самосвесно создаде слика која истовремено беше неизмерно софистицирана и неверојатно наивна, во еден дел дебитантска, а во друг дел критичар на општеството. Тој со пасивност го контролираше, а со срамежливост го предизвикуваше вниманието.
Инспирација за своите слики, филмови, публикации и дизајни, Ворхол црпеше од популарната култура, главно од претставите кои толку беа присутни во секојдневието на луѓето, така што тие ризикуваа да не ги сфатат нивната специфична убавина и сила. Додека многу набљудувачи инсистираа на оценката дека напорите на Ворхол иако погодни, сепак се тривијални и провокативни, сепак критичарите го препознаа и го почитуваа неговиот единствен талент и ја прифатија неговата јасна порака. Ворхол му дадена дизајнот статус на икона. Тој го натера гледачот да не ги цени само естетски примамливите композиции на боја, форма и линија, туку и степенот до кој дизајнот стана дел од колективната свест.Ворхол имаше вистински квалитет на гениј: способност да ги спои спротивностите.

Во неговите трудови очигледното преоѓа во мистериозно, а бизарното во нормално. Сите овие контрадикторности вткаени во неговата уметност никаде не беа толку многу изразени колку во неговата јавна личност. Со својата платинеста перика, безизразно лице, андрогени манири и смртничко бледило, тој истовремено изгледаше и сензитивно и грубо, ангелски и ѓаволски, збунето и брилијантно. Токму затоа неговите соработници кои уживаа во енигмата на неговата личност, му го дадоа прекарот Drella. Тој е комбинација од зборовите Dracula и Cinderella (Пепелашка). Исто така, многу често го викаа и „Сфинга без тајни”.

Инаку, како дипломиран дизајнер за илустрации дизајнираше за списанијата Vogue, Glamour, Bergdorf Goldman, како и честитки за Tiffany, излози за Bonwit Teller и пакувања за Columbia Records. Тој во галеријата Stableво Њујорк постави изложба на слики од долари, шишенца од кока-кола и конзерви од супа. Со тоа ги постави основите на поп-арт уметноста, видена како уметнички правец на иднината. По тој настан Ворхол го нарекоа и папа на поп и арт-културата. Инаку неговите портрети на познатите личности како што се Елвис Присли, Мерлин Монро, Џејмс Дин, Жаклина Кенеди, Џими Картер, Лајза Минели и дизајнерот Халстрон го оживеаја портретирањето како уметничка форма, додека пак неговиот дизајн (слики на цвеќе со јак колорит, тродимензионални брило-кутии, поставки на кока-кола шишенца, доларски банкнотии конзерви од супа) воспостави нова врска помеѓу високата уметност и светот на модата и рекламата. Од тој период и започнува современото брендирање, односно создавањето на брендовите.

Ворхол е познат по тоа што ја поддржувал и помагал кариерата на Velvet Underground– успешна рок-група која го лансирала „панк“ стилот кој подоцна го развиле Мик Џегер, Дејвид Боуви и Дејвид Бирн. Инаку тој е автор на логото на Ролинг стоунси – „исплазен јазик од уста“, јазикот на Мик Џегер. Доколку на ова ги додадеме познатите автопортрети на Ворхол од 1986 година, портретите на Мик Џегер од 1973 (се наоѓаат во Музејот за модерна уметност во Техеран), портретот на Херман Хес од 1984 година, оригиналната насловна страница на албумот на Ролинг стоунси од 1971 година со патент и фармерки, насловните страници на албумите на Квин и Дијана Рос од 1982 година и генијалната „банана“ слика од насловната страница на албумот на Velvet Undergroundод 1967 година, ќе сфатиме дека тоа е водечки моден илустратор, поточно најафирмиран дизајнер на комерцијалната илустрација во светот на тоа време.

Постојана тема на уметноста на Ворхол беше расчекорот помеѓу јавниот и приватниот живот. Всушност, тој постојано ги сликаше познатите личности (напред наведени) кои беа симбол на тој расцеп, чии приватни животи беа во расчекор со нивната слава и со сликата прилагодена за јавноста. Ворхол себеси се претвори во шифра, впивач кој отворено и непрекинато ја следеше плимата и осеката на американскиот живот.

Сепак, можеби најимпресивни се неговите автопортрети. Автопортретите кои традиционално во историјата на западната уметност го претставуваат субјектот кој самиот себе се открива, во рацете на Ворхол се свртени против самиот него. Во неговите автопортрети, тој истовремено го открива но и го сокрива идентитетот при што се користи со камуфлирање со цел да создаде слика на сопственото самозатворање (self-closeting). Всушност тој е соодветен тотем за човек кој создаде марка/бренд одбивајќи јавно да говори. Тој се смееше кога стана најмногу цитиран уметник во светот.
Во некоја смисла ова е и парадоксално, бидејќи во голем број прилики, неговиот омилен речник се состоел од „вау“, „ух“, „ееј“, „супер“, „ауч“, поради што привидно тој изгледаше како пасивен набљудувач. Сепак, неговите епиграми помогнаа да се дефинира новата ера во американската култура. Тој секогаш беше креативен катализатор за луѓето околу себе, а пред сè неуморен работник и генијален уметник со неизмерна енергија. Вистински воркохолик.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во џебовите на убиецот од Цетиње пронајдени…

Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на…

Пренасочени авионите кои кружеа над Скопје –…

Од ТАВ Македонија попладнево информираат дека неколку…

Што се случува?! Вучиќ тврди дека странска…

Ден по масовното убиство во ОУ „Владислав…

„Фајненшл тајмс“: Путин се подготвува за војна…

Руската војска подготви детална листа на цели…