Објавено на:

Светските цени на храната се намалуваат петти месец по ред

t

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија до историскиот максимум, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, во јануари изнесуваше во просек 123,9 поени, што е намалување за 0,4 проценти во однос на декември и 0,6 проценти во однос на претходната година.

Цените на житните растенија се зголемија за 0,2 проценти во однос на претходниот месец и покрај незначителното намалување на цените на пченицата и пченката.

Високото ниво на резервите пченица ја неутрализира загриженоста поради временските услови во Русија и САД, а солидните глобални резерви на пченка ги ублажија ефектите од неповолните временски услови во Аргентина и Бразил, како и силната побарувачка за етанол во САД.

Индексот на цените на растителното масло се зголеми за 2,1 процента во јануари. Зголемувањето на цените на палминото масло беше поврзано со сезонското забавување на производството во Југоисточна Азија и стабилната глобална побарувачка, а цените на соиното масло се зајакнаа поради намалената понуда од Јужна Америка и очекувањата за силна побарувачка од американскиот сектор за биогорива.

Цените на месото во јануари се намалија за 0,4 проценти главно поради пониските цени на свинското месо во услови на обилна глобална понуда и послаба меѓународна побарувачка. Најизразено намалување е забележано кај млечните производи, чиј индекс се намали за пет проценти во споредба со декември поради пониските цени на сирењето и путерот.

Индексот на цените на шеќерот се намали за еден процент поради очекуваното зголемување на понудата, особено поради закрепнувањето на производството во Индија и поволните перспективи во Бразил и на Тајланд.

Врз основа на ажурираните прогнози глобалните резерви на житни култури би можеле да се зголемат за 7,8 проценти и да достигнат рекордно ниво, се додава во извештајот на веб-страницата на ФАО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светските цени на храната се намалуваат петти…

Светските цени на храната во јануари се…

Косовската претседателка: Трамп заслужува Нобелова награда

Косовската претседателка Вјоса Османи Садриу изјави дека…

Јаневска најави „чистка“ на факултетите: Студиски програми…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

ФБИ уапси „клучен учесник“ во нападот врз…

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го уапси…

Панделевски: Не барав привилегии, туку фер и…

Бизнисменот Панделевски со реакција по одлуката на…