СДСМ бара оставка од Тошковски: „Трето пукање за само еден месец“

t

После синоќешното пукање во скопски Чаир, од СДСМ излегоа со соопштение, наведувајќи дека се „потврдува сериозно влошена безбедност на улиците и целосната неспособност на министерот Панче Тошковски и МВР“.

Според најголемата опозициска партија, „над 20 оружени инциденти се случија во изминатите 100 дена власт на ВМРО-ДПМНЕ, при што ова е трето пукање за само еден месец“.

-Уште колку човечки животи треба да бидат загрозени пред Тошковски да ја преземе одговорноста за хаосот на улиците и да си даде оставка, прашуваат од „Бихаќка“.

Доцна синоќа повторно престрелка во Чаир. Во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата.

Повредениот бил нападнат додека се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, по што бил пренесен в болница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен е увид на местото на настанот и полициските службеници преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот. Повредениот е хоспитализиран и е во стабилна состојба.

Пред десетина дена во Чаир исто така имаше пукање во кое беше повредено едно лице. Пукањето, како што информираа од МВР, се случило на улицата „Цветан Димов“, а во повредениот било пукано од возило „пасат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ бара оставка од Тошковски: „Трето пукање…

После синоќешното пукање во скопски Чаир, од…

ЈПДП ќе го разреши Митревски и ќе…

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека…

Продолжува судењето за убиството на Вања и…

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…

Филипче: Секој член на СДСМ ќе има…

Членовите на СДСМ се враќаат, и тоа…

СДСМ: Секој ден се палат автомобили во…

„Дури 7 возила изгореа во Скопје само…