СДСМ: Бројот на Томовски е наведен како контакт во фирмата што добила тендери вредни 5.3 милиони евра

t

„Меѓу телефонските броеви за контакт што ги навела фирмата „Сити аутсорсинг“ е и 078-362-710, а кога тој број ќе се провери, излегува слика на Ивица Томовски“, велат од СДСМ во продолжение на т.н. „бомба“ против директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР).

Опозициската партија тврди дека фирмата која добила 161 тендер во вкупна вредност од 5,3 милиони евра е семејна фирма на Томовски. Според СДСМ, фирмата првично се викала „Сити логистик“, а нејзин сопственик во моментот на основањето бил Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски. Управител бил Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Подоцна си го сменила името во „Сити аутсорсинг“.

„Меѓу телефонските броеви коишто се наведени во оваа семејна фирма, ‘Сити аутсорсинг’ е и овој број: 078-362-710. Го проверивме овој број и погледнете чија фотографија излегува. На Ивица Томовски. Не дека ова беше неопходно за да се потврдат семејните врски на Ивица со неговиот татко Витомир, ниту, пак, со неговиот роднина Кутановски, кои се во оваа фирма. Затоа, Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство мора да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски. Кој сега ќе се извинува Томовски?“, рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Томовски вчера тврдеше дека не е поврзан со фирмата која ја наведува СДСМ и најави дека ќе ја тужи опозициската партија доколку таа не му се извини. Реагираа и од „Сити аутсорсинг“, исто така наведувајќи дека Томовски нема никаква деловна, кадровска или друга поврзаност со компанијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираа со соопштение со контраобвинувања и квалификации за опозициската партија, во кое нема речиси ништо за наводите од СДСМ за Ивица Томовски, фирмата и тендерите.

„Во однос на нивниот денешен простотилак, нема што да се одговори“, велат од владејачката партија.

Инаку, како што објави „360 степени“, податоците од „Бизнис мрежа“ покажуваат дека сегашен сопственик и управител на „Сити аутсорсинг“ е Милчо Стрезовски, а извесен Витомир Томовски како сопственик и Слободан Кутановски како управител се бришат на 29.12.2022 година.

Меѓу телефонските контакти поврзани со фирмата, на интернет може да се најде и бројот 078-362-710, за кој СДСМ тврди дека е на Ивица Томовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Бројот на Томовски е наведен како…

„Меѓу телефонските броеви за контакт што ги…

Бугарија: Заглавениот танкер „Каирос“ кај Ахтопол стабилен,…

Министерството за животна средина и води на…

Нетанјаху на прес-конференцијата со Мерц: Постои „можност…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

(Видео) Отстранет првиот билборд од Железничката станица…

Македонски железници Инфраструктура почна со отстранување на…

Милошоски тврди дека лондонски Тајмс лаже: Нема…

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот…