СДСМ: Владата на Мицкоски ги изигра работниците
Така наречениот договор којшто денеска е постигнат со УПОЗ е потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на работниците на 600 евра, вели СДСМ.
„Овој договор се однесува на само мал број административни службеници, околу 10.000 не земајќи ги во предвид сите јавни службеници како на пример вработените во државните акционерски друштва и останатите работници.
После две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници тешко живеат бидејќи вредноста на синдикалната кошница порасна на 66.000 денари.
Второ, периодот од покачување на платите минимално и тоа за две години од сега не е одговор на потребите на работниците на кои платите да им се покачат сега, оваа година.
Околу 200.000 работници моментално земаат плата под 30.000 денари, што ја продлабочува сиромаштијата и го поттикнува иселувањето на младите и квалификуваните.
Затоа минималната плата треба да се покачи за сите вработени, во јавниот сектор, во приватниот сектор и приватните компании, фабриките, конфекциите.
Решението на СДСМ е реално, одржливо и целосно ги задоволува потребите на сите работници кои земаат минимална плата, сега и веднаш. Со решението на СДСМ минималната плата се покачува за 50%, односно за 12.000 денари и тоа сега.
Само со ребаланс на Буџетот и кратење на луксузот на власта, како коли, мебел, патувања, кабинети, се обезбедуваат 200 милиони евра за минимална плата од 600 евра и за поддршка на приватните компании да им се загрози ликвидноста.
Власта го избра својот луксуз пред животните, егзистенцијални потреби на работниците.
Владата на Мицкоски ги изигра работниците“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Владата на Мицкоски ги изигра работниците
Така наречениот договор којшто денеска е постигнат…
Кајмакоски потврди: Ми се закануваа со пиштол,…
Вистинската драма се одвиваше во Белград кога…
Мицкоски: Нема да се изненадам ако се…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема да…
Ќе ги замолат да се …. Во…
Француската Влада планира да испрати писмо до…
Русија го нападна Киев со балистички ракети
Руските сили го нападнаа Киев со балистички…