СДСМ: Владата на Мицкоски се луксузира додека работниците протестираат за повисоки плати

t

Опозициската партија СДСМ остро ја критикува Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја дека не ги зголемува платите на работниците и води политика на луксузирање на грбот на граѓаните. Во денешното соопштение за јавност, од СДСМ велат дека Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра, како и да ги покачи останатите примања, што, според нив, ги принудува работниците да излегуваат на протести барајќи достоинствени услови за живот.

„Работниците се приморани да протестираат на улиците за достоинствени плати. Нивната мака е тешкото секојдневие — не можат да ги платат сметките и да обезбедат храна за своите семејства“, наведуваат од партијата. Од СДСМ ја обвинуваат Владата дека планира набавка на нов владин авион за премиерот, наместо средствата да ги насочи кон подобрување на животниот стандард. Според нив, ваквиот пристап претставува навреда за работниците и семејствата погодени од високите трошоци и поскапувањата. Во соопштението, партијата ја споредува актуелната политика со периодот кога тие беа на власт, тврдејќи дека тогаш платите континуирано растеле и се водела „домаќинска политика“. Како пример наведуваат дека минималната плата била зголемена од 8.000 на 22.000 денари, а просечната од околу 20.000 на над 40.000 денари.

СДСМ дополнително предупредува дека, според нив, со сегашното владеење расте буџетскиот дефицит и јавниот долг. Партијата обвинува дека недостасуваат околу две милијарди евра во буџетот, кои, како што велат, власта ќе се обиде да ги покрие со нови задолжувања. „Задолжувања за нов авион и криминални тендери, а не за плати и пензии“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека коалицијата ВМРО-ЗНАМ, според нив, ги става бизнис интересите и тендерите пред потребите на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Владата на Мицкоски се луксузира додека…

Опозициската партија СДСМ остро ја критикува Владата…

Да го вратиме Томба дома – Апел…

Роднини, пријатели и познаници преку социјалните мрежи…

Митева до Жерновски: Со владиниот авион нема…

Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5…

Голем одрон на патот Скопје-Велес: Се вози…

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје –…

Ќоку: БЕСА може да ја напушти Владата…

Координаторот на пратеничката група на коалицијата ВЛЕН,…