СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби – Од ВМРО-ДПМНЕ велат „Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски“

t

Политичките партии и денес со препукувања околу враќањето на Артан Груби и куќниот притвор кој му беше определен во текот на вчерашниот ден.

– Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ.

Правната држава е погребана. Сè е однапред договорено и режирано.

Куќен притвор за лице кое веќе еднаш избегало од државата и за кое веќе имало одредено мерка притвор.

Затоа го сменија јавниот обвнител, избраа судии и обвинители под нивна контрола.

Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д обвинителка избраа на поранешен заменик министер на ВМРО.

Власта има целосна контрола врз обвинителството и судството. Одлуката за куќен притвор ја носи обвинител под Скопското обвинителство каде што за шеф пред само еден месец е избран Анел Фидоски.

Јасно е што се случува.

Дилот ВМРО–ДУИ се реализира пред очите на јавноста и му донесе куќен притвор на Груби.

Прашањето што останува е само што ќе добие сега ДУИ за возврат, стои во соопштението на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од СДСМ се лицемерни.

„Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за куќниот притвор на екс-вицепремиерот.

Од партијата додаваат дека извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.

„Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“, тврдат од владејачката партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор…

Политичките партии и денес со препукувања околу…

СДС нервозни и фрустрирани зошто Груби е…

Ги разбираме од СДС, тие се нервозни…

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска: Секој…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања: Кој…

Власта на СДС целосно го зароби судството…

Жерновски: Скандал, портпаролката на Владата, Митева потврди…

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј…