СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат кој е на страната на Мадуро, кој на страна на САД
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека е на страната на, како што велат, соборениот венецуелски диктатор Николас Мадуро. Од партијата на власт забележуваат дека „дури и 48 часа по акцијата на САД, СДСМ немаат став за апсењето на сега веќе екс-претседателот на Венецуела“.
„Со тоа СДС се вбројува во ретките политички партии кои поддржуваат шверц и трговија на дрога, режим и диктатура. Не чувме никаков став ниту од лидерот на СДС кој во моментот е на скијање во зимскиот монденски центар Гармиш -Партенкирхен заедно со неговиот шеф Зоран Заев. Венко Филипче треба да објасни како неговата партија се претвори во идолопоклоник на диктатори и шверцери на дрога“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека „СДСМ веројатно под влијание на своите ментори и ПР стратези од северот се стави во групата партии поддржувачи на Мадуро“.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера соопшти дека Владата апсолутно стои до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер и предупреди дека критиките од европските земји треба да се гледаат во контекст на нивната тишина во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија.
– Таквиот коментар би им го оставил на експертите по меѓународно право. И како тогаш сите тие се оглувеа и никој не го коментираше сето тоа, а сега одеднаш сите имаат мнение. Јас тоа би им го оставил на експертите. Но еднаш кога во животот ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и е прашање на време кога ќе се удри од вашиот грб – рече Мицкоски.
Вчера реагираа од СДСМ:
Христијан Мицкоски вели дека ги поддржува САД како стратешки партнер и владата ја поддржува акцијата во Венецуела, ама од друга страна вели дека е спротивно на меѓународното право.
„Во животот, кога еднаш ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и таа пракса е прашање на време, не дали туку прашање на време е кога ќе се удри од вашиот грб“, рече денеска Мицкоски.
За Мицкоски ниту ЕУ не се грижи за меѓународното право. Бидејќи лично тој го блокираше европскиот пат на Македонија самиот го потврди она што го говориме, разоткриен е.
Значи Мицкоски ја поддржува ама и не ја поддржува акцијата на САД.
Зошто? Затоа што можеби утре го чека истата судбина како Мадуро?
Денеска неговиот „стрико“ од Белград – Вучиќ, го нападна претседателот Трамп преку своите медиуми. По седницата на Советот за безбедност, најави дека армијата двојно ќе го зголеми воениот капацитет. И тој се плаши од апсење очигледно.
САД веќе носат посебен Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против криминалот и корупцијата.
Нема бегање, сите ќе одговараат! – соопштија од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат кој е…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека е на…
Кина до САД: Веднаш ослободете го Мадуро
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека светот…
ОН денес ќе одлучува дали акцијата на…
Легалноста на американската операција за апсење на…
Бела куќа: Украина ќе ги врати парите…
Соединетите Американски Држави можат да ги надоместат…
Данскaта премиерка му испрати порака на Трамп:…
Данската премиерка Мете Фредериксен го повика Доналд…