СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците
Опозициските партии Левица и Социјалдемократакиот Сојуз на Македонија (СДСМ), го поддржуваат денешниот протест на работниците и Сојузот на синдикати на Македонија.
Партијата Левица изрази целосна и недвосмислена поддршка за утрешниот протест на работниците во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), потенцирајќи дека нивните барања за зголемување на платите се оправдани, легитимни и неопходни во услови на постојан раст на трошоците за живот, велат во вчерашното соопштение од партијата Левица.
Од Левица посочуваат дека речиси две години по доаѓањето на власт на ДПМНЕ, состојбата на работниците останува непроменета, а граѓаните и натаму едвај го поминуваат месецот со најниска минимална и просечна плата на Балканот. Според партијата, ваквата реалност е во целосна спротивност со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за економски раст и стабилност.
„Трошоците за живот постојано растат, додека платите стагнираат. Работниците веќе немаат време за чекање, а Владата мора итно да преземе конкретни чекори за подобрување на нивниот економски статус“, велат од Левица.
Во соопштението се упатува и остра критика кон владејачката коалиција ДПМНЕ–ЗНАМ–ВРЕДИ, која, според Левица, работи исклучиво во интерес на бизнис елитите, а не во корист на граѓаните. Од партијата порачуваат дека премиерот мора да избере дали ќе ѝ служи на крупниот капитал или ќе ја извршува својата функција во заштита на работниците и социјално ранливите категории.
Од СДСМ велат го разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори.
-Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте а платите стојат во место.
Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта…
За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари, порачуваат од „Бихаќка“.
И како опозиција, додаваат од партијата, СДСМ стои зад работниците. Потсетуваат дека СДСМ предлагаше Закон за покачување на минималната плата но власта го одби.
Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби, стои во партискиот став.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и…
Опозициските партии Левица и Социјалдемократакиот Сојуз на…
(Видео) Трендафилов: Не им се плашете, никому…
28 јануари е денот кога работниците зборуваат,…
Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите…
Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека…
Левица: Брутална партизација на антидискриминаторна со партиски…
Ја информираме јавноста дека на утрешната пленарна…
Левица: 14,4 милиони за патни трошоци за…
Информацијата дека државата наплатила 2.274.285 денари данок…