СДСМ: Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

t

Наместо вработените во низа институции да слават достоинствено Велигден, тие останаа бе платите кои во минатото редовно се исплаќаа пред празникот. Владата молчи, а илјадници семејства се оставени бе приход и полни трпези заради неспособноста на Мицкоски и неговите министри, се вели во соопштението на СДСМ.

„Се работи за културни работници, инспектори, социјални службеници, вработени во економскиот сектор – луѓе кои секој ден работат за државата, а државата не им враќа со исто.

Ова веќе не може да биде случајност, ова е системски хаос и целосна незаинтересираност од Владата на ДПМНЕ.

Законот е јасен – плата до 15-ти во месецот. Но за Владата на Мицкоски очигледно не важат ниту закони, ниту обврски. За нив е важен само пи-арот, мангото и папајата. Работниците во сите сектори за оваа влада веќе цела година се на последно место, а оваа негрижа со платите само го потврдува овој тренд на целосно понижување на луѓето кое го прави Мицкоски.

Денес бараме одговор, зошто не се исплатени платите? Кој ќе сноси одговорност? И најважно – до кога државата ќе се однесува како да ѝ се “услуга” платите, а не обврска?

Платата не е подарок или желба на власта, туку право. И кога власта не си ги исполнува најосновните обврски, тоа е јасен знак – оваа Влада не функционира. СДСМ бара итна исплата на платите и отчетност од одговорните.

Секоја ден доцнење на платите значи притисок врз буџетите на граѓаните и работниците и доведување на овие грѓани во незавидна положба“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…