СДСМ: Мицкоски однапред подготвува алиби за неуспешното спроведување на реформите
Социјадемократскиот сојуз го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ќе ја искористи блокадата на СДСМ во работната група за Изборниот законик како изговор кога во јуни Брисел ќе нотира дека Македонија нема напредок во реформите. Опозиционерите оценија дека Мицкоски однапред подготвува алиби зошто нема да се исполни неговото ветување дека од Брисел ќе стигне вест оти земјава е рамо до рамо со Црна Гора.
„ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието. Токму како што ја укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат да го донесат и Изборниот законик. Не им треба СДСМ за закони – им треба изговор кога ќе пропаднат. Мицкоски лажеше за враќање на името, лажеше за укинување на Преспанскиот договор, лажеше за ‘трета економија во Европа’. Сега подготвува нова лага – дека СДСМ е виновен за неговиот неуспех“,
велат од СДСМ.
Реакцијата на опозициската партија следува откако премиерот Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека две од вкупно десет обврски од реформската агенда нема да бидат спроведени. Една од нив, како што рече, е спроведувањето на измените на Изборниот законик, кое е попречено од опозицијата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски однапред подготвува алиби за неуспешното…
Социјадемократскиот сојуз го обвини премиерот Христијан Мицкоски…
Хаос на границите пред продолжениот викенд: речиси…
Продолжениот викенд и празникот 1 Мај предизвикаа…
Две од вкупно десет обврски од реформската…
Од сите десет што се заостанати, само…
Зајкова за Први мај: Наполнете гориво на…
Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието,…
„Седев на подот, речиси да се онесвестам“:…
Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES),…