СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“
Сега на сите им е јасно дека поголема минимална плата нема да има. Владата на Мицкоски нема пари за минимална плата, нема пари ниту за земјоделците, ниту за пензионерите, велат од СДСМ на прес-конференција.
– Очигледно, сите ќе мора да се навикнат на тоа дека повисоки плати нема да има.
Доаѓаат таканаречени „економски работници“.
Според договорот што го објавија британски медиуми, државата има обврска да им обезбеди плати, сместување, осигурување. Мора да им се плаќа без разлика дали има или нема работа.
Затоа нема да има пари за поголеми плати за работниците, ниту пари за поголеми пензии за пензионерите.
Не, тоа не се мигранти, ова се „економски работници“.
Токму затоа и го сменија Законот за странци. Со измените се олеснуваат условите за доаѓање, престој и работа, се скратуваат процедурите, се продолжува времетраењето на дозволите и се создава правна рамка за долгорочно задржување во државата. Ако има „стратешки парнер“ секако.
Значи сѐ е подготвено.
Резолуција во Собрание против слободата на говорот, Закон за странци, доаѓаат „економски работници“
Може да ги нарекуваме „економски работници“ сѐ додека Мицкоски не им додели пасоши, а потоа – ќе станат рамноправни граѓани на Македонија, со сите права што следуваат.
Договор си е договор.
Засега, во буџетот „недостига“ само една милијарда евра.
Само ДПМНЕ не се грижи за ништо. За граѓаните нема пари, но има доволно пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски…
Сега на сите им е јасно дека…
СДСМ: Измените на Кривичниот законик спротивни на…
Власта, иако ветуваше, не направи вистински измени…
Тренчевска: Поради корупција на власта EK ја…
Европската Комисија ги суспендирала сите исплати за…
СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна…
„Скопјани се гушат во загаден воздух со…
СДСМ: Нема пари за мерки против загаден…
Граѓаните Скопје секојдневно го дишат најзагадениот воздух…