СДСМ повторни тврди дека се враќа Груевски

t

Од СДСМ денеска соопштија дека актуелната власт, според нив, ја враќа државата „во 2016 година“, обвинувајќи за обиди за укинување на техничката влада, раст на корупцијата и подготовка на терен за враќање на Никола Груевски.

Во партиското соопштение се наведува дека власта има намера да ја укине техничката влада, која, според СДСМ, претставува механизам за обезбедување фер и демократски избори. Од партијата тврдат дека ваквиот потег би значел намалување на контролата врз изборниот процес и влијание врз слободната волја на граѓаните.

СДСМ обвинува и за, како што наведува, сериозни индиции за корупција и фаворизирање на одредени компании преку тендери. Во соопштението се спомнуваат бројки за доделени јавни набавки на една фирма, како и милионски износи за компании со мал број вработени. Партијата посочува и на извештаите на Transparency International, наведувајќи дека државата бележи пад на индексот за перцепција на корупција.

Во делот од соопштението посветен на актуелниот премиер Христијан Мицкоски, СДСМ обвинува за, како што велат, луксуз и расипничко трошење на јавни средства, повлекувајќи паралели со периодот на владеење на Груевски.

Дополнително, од партијата тврдат дека се води организирана кампања за дискредитација на предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, со цел релативизирање на пресудите и создавање услови за враќање на Груевски во политичкиот живот.

„Се враќаме во 2016 година“, стои во соопштението на СДСМ, од каде најавуваат дека ќе продолжат да ги изнесуваат, како што велат, доказите за состојбите во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ повторни тврди дека се враќа Груевски

Од СДСМ денеска соопштија дека актуелната власт,…

(Видео) Тешка е здравствената состојба на двегодишникот…

Кучето кое го искаса двегодишното дете во…

Левица: Режимот на ДПМНЕ со демнење и…

Левица најостро реагира на скандалот со следењето…

Тетовчанец изнајмил возило од ,,Рент а кар”…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Х.(46)…

Дел од осомничените полицајци за Пулс го…

Дел од осомничените полицајци за Пулс, против…