СДСМ: После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија
„Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот. Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија. Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани“ пишува во текстот на Дојде Веле“ соопштија од СДСМ.
Од партијата велат „Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава“.
„Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже? Кој лаже? Власта на Мицкоски. Владата нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти. Граѓаните се против овие антинационални и антидржавни политики на ДПМНЕ и велат НЕ за мигранти , НЕ за загрозување на безбедноста на државата“ е ставот на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: После Албанија и Косово, следна дестинација…
„Не се само британските медиуми, многу светски…
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија,…
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти…
(Видео) Филипче: Дали на мигрантите ќе им…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска порача…
СДСМ: Две објавени бомби чекаат реакција на…
„Два скандали, две објавени бомби од Антикорупцискиот…
СДСМ: (Докази) Го следиме трагот на парите:…
Скандалот со семејната фирма на Томовски која…