СДСМ: Сите патишта водат кон Будимпешта кај шефот, со владин авион
СДСМ во ФБ објава посочи дека „Будимпешта кај шефот“ станала главна дестинација на владиниот авион на релацијата Скопје–Будимпешта, наведувајќи дека, според објави во медиумите за движењето на авионот, биле регистрирани најмалку седум летови до унгарската престолнина, како и патувања „на море“.
Во објавата се сугерира дека честите летови не се само протоколарни или службени, туку дека се дел од политички консултации и координација „кај шефот“, при што Будимпешта се претставува како центар од кој се влијае врз одлуки и партиски потези дома. СДСМ посочува дека зад овие релации стои поширок план поврзан со ВМРО-ДПМНЕ и, како што се посочува, подготовка на терен за враќање на Никола Груевски.
Како еден од аргументите, во објавата се споменува дека во ВМРО-ДПМНЕ биле тргнати потпретседателите, што СДСМ го толкува како чекор за елиминирање на внатрешната конкуренција и отворање простор за „единствен претседател“. Во тој контекст, СДСМ тврди дека Христијан Мицкоски е „само чувар на фотелјата“ и дека се обезбедува „безбеден терен“ за враќање на „газдата“, како што го нарекува поранешниот лидер.
Во истиот текст се наведува и дека Мицкоски, Николоски и Гордана Силјановска најмногу го користеле владиниот авион, а како пример се посочува и дека Мицкоски патувал со владин авион и до Јадранот „на капење“. Дали ваквата практика е оправдување за набавка на нов авион и издвојување, како што се наведува, „милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Сите патишта водат кон Будимпешта кај…
СДСМ во ФБ објава посочи дека „Будимпешта…
Брнабиќ: Вучиќ не кажа ниту еден лош…
Меѓународната секретарка на СНС, Ана Брнабиќ, денес…
Опозицискиот лидер Петер Маѓар вети дека ќе…
Лидерот на унгарската опозиција Петер Маѓар ја…
Туск: Во свет каде секој може да…
Полскиот премиер Доналд Туск денеска им порача…
Администрацијата на Трамп објави список на познати…
Администрацијата на Трамп е обвинета за „намерно…