СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

t

Утре ќе се одржат директните внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ кои беа одложени поради трагедијата во Кочани.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија којашто Претседателот го избира на непосредни, внатрепартиски избори. Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката, на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот. Централната изборна комисија го потврди и го затвори Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 23.712 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и се што е потребно за изборниот ден“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Сите активно регистрирани членови на СДСМ ќе можат да го остварат своето право на непосредно и тајно гласање за избор на Претседател во својата општина на соодветно гласачко место. Членовите што гласаат, со себе задолжително треба да ја има електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација (лична карта или пасош). Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота на 05.04.2025 година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шести април нов датум за реизбор на…

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…

(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…

Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…

(Видео) 8.000 мртви од koвид e yжаcoт…

Македонија предводена од Владата на Зоран Заев…

(Фото+Видео) Која иpонија: За збoгyм Филипче му…

Венко Филипче министерот за здравство во заминување…