Се излеа Вардар кај Велес, под вода се дрвјата во Градскиот парк

Вардар денеска во Велес ги поплави двете страни од кејот, а под вода се дрвјата покрај реката во Градскиот парк.
За опасноста од излевање на Вардар, како што изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, веќе има дојава до кон Општина Велес и е побарано веднаш да излезат на терен и да извршат правилно и видливо обележување на опасноста.
Како што појасни Ангелов, бидејќи се работи за речен тек во урбана средина, надлежноста и обврската во и околу речното корито е на Општина Велес.
Инаку во Градскиот парк во Велес, споредено со вчера, Вардар е драстично пораснат, потврдија за МИА велешките кајакари, кои и денеска забрзано се подготвуваат за претстојното Европско првенство.
Кајакарот Благојче Гугинов за МИА изјави дека споредено со вчера Вардар во Градскиот парк во Велес е пораснат за околу метар, видливо е дека се поплавени дрвјата на брегот, а и реката денеска е многу побрза од вчера.
Инаку вчера Вардар во Велес кај Стар Мост според мерењата на УХМР бил 160, а утрото бил 170 антиметри. Споредено со изминатата недела кога Вардар во Велес беше 86 сантиметри, вчера и денеска нивото на реката е двојно и повеќе пораснато.
Како потврда на тоа дека Вардар споредено со вчера е драстичо пораснат говори и податакот од УХМР дека вчера кај Демир Капија, Вардар бил 191, а денеска е на 249 сантиметри. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се излеа Вардар кај Велес, под вода…
Вардар денеска во Велес ги поплави двете…
Битолчани истурија ѓубре пред општината, не сакаат…
Формирање на координативно тело на протестите и…
Трендафилов: Напаѓаат со тешка артилерија, ние не…
Напаѓаат со сите средства, со тешка артилерија…
Нов земјотрес го погоди Мјанмар со јачина…
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според…
Претседателката Сиљановска-Давкова им се заблагодари на пријателските…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските…