Се намалува бројот на склучени бракови, расте бројот на разводи

t

Во 2025 година се склучени 10.507 брака и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5,1 %. Бројот на разводи, пак, изнесувал 2.185 или за 8,0 % повеќе од 2025 година.

Најмногу бракови, 1.362 или 13,0 %, се склучени во август, а најмалку во март, 473 брака или 4,5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92,8 % за жените и 92,1 % за мажите. Во втор брак со учество од 7,1 % и во трет брак со учество од 0,8 % во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.2 години за младоженецот.

Во 2025 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3 448 или 32.8 % кај жените и 3 750 или 35.7 % кај мажите.

Според возраста, најголем број разводи имало во старосната група од 35 до 39 години, од кои 400 или 18.3 %, кај жените и 381 или 17.4 % кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 478 или 21.9 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се намалува бројот на склучени бракови, расте…

Во 2025 година се склучени 10.507 брака…

Помалку склучени, а повеќе разведени бракови во…

Помалку склучени, а повеќе разведени бракови, евидентирал…

Разводите во пораст за 23,9%, а склучувањето…

Според податоците на Државниот завод за статистика,…

Парови се разведуваат но продолжуваат да живеат…

Становите во Мадрид се се поскапи и…

521 развод за три месеци, во Македонија…

Според податоците на Државниот завод за статистика,…