Се напил и со пиштол се обидел да ограби угостителски објект
Со брза реакција на тетовската полиција приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект, пронајден е пиштолот следува соодветна пријава
На 03.06.2026 во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,35 промили алкохол во крвта.
Претходно, во СВР Тетово А.И.(38) од Тетово пријавил дека околу 15:30 часот на неговото работно место во угостителскиот објект Х.Д. врз него извршил обид за разбојништво. Имено, според пријавеното, тој влегол во објектот и со закана со пиштол побарал од вработениот А.И. да му ги даде парите. Откако А.И. одбил и му рекол да излезе, помеѓу нив настанала физичка пресметка, при што со кундакот од пиштолот го удрил А.И. во пределот на главата.
После тоа, Х.Д. побегнал од местото, но набргу по преземени мерки е пронајден и лишен од слобода.Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се напил и со пиштол се обидел…
Со брза реакција на тетовската полиција приведен…
Арагчи: Иран напаѓа во самоодбрана, на места…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Почина Един Авдиќ, најпознатиот спортски коментатор на…
На само 47 години почина Един Авдиќ,…
Обвинителството бара притвор, осомничените нудат милионски гаранции…
Основното јавно обвинителство отвори истрага против четири…
Спречен хибриден напад на Црна Гора?
Група од 87 луѓе, од кои некои…