Се урна зграда во Сиднеј, двајца повредени
Две лица се извлечени од урнатините откако ненадејно се урна зграда во една од централните градски квартови на Сиднеј.
Мажите, кои се на возраст од околу 60 години, биле во сериозна состојба по пренесувањето во болница, соопштија во понеделникот службите за итна помош на Нов Јужен Велс, објави Гардијан.
Тие се лекуваат од повреди на нозете и вратот по делумното уривање на зграда висока седум метри, според информациите од Службата за пожарникарство и спасување на Нов Јужен Велс.
Покривот и ѕидот на зградата на улицата Ватл во населбата Ултимо се урнале во понеделникот околу 11 часот, при што остатоци од градбата паднале на улицата и врз соседната бензинска станица „Шел“.
Големи количини тули биле натрупани една врз друга, а паднатиот покрив оштетил и возила паркирани во близина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна зграда во Сиднеј, двајца повредени
Две лица се извлечени од урнатините откако…
Минута молк за жртвите од терористичкиот напад…
Сиднеј го осветли Харбор Бриџ со слика…
Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома,…
Напаѓачот од Бонди Навид Акрам, осомничениот за…
Еден од напаѓачите кој уби 16 луѓе…
Еден од напаѓачите кој вчера усмрти 16…
Ова е херојот од Сиднеј кој сам…
Во хаосот и стравот што го обви…