Се урна руски воен авион!
Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Во авионот имало седум лица, соопшти Министерството, иако нема потврда дали преживеале.
Дневниот весник Комерсант објави дека сите патници загинале.
Според извештаите, во тек е операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје.
Авионот Антонов Ан-22 е развиен за време на советската ера во 1960-те. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип што го користела руската војска. Ан-22 се користи за транспорт на голем воздушен товар, но и за падобрански операции.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет по извршени поправки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мал авион се урна во австриските Алпи,…
Сите четворица патници од мал германски авион…
Драма на небото: Поради чад во кабината…
Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ се соочи со сериозен…
(Видео) Нова трагедија во САД: Авион експлодираше…
Медицински транспортен авион, во кој имало болно…
ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА, повеќемина се повредени при…
Едно лице загина, а други се повредени…
Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…
Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…