Сепак е волк: Животното најдено на ланец во Козле е волк, газдата кој барал избегано куче признал дека не е неговото животно

t

Портпаролката на ЗОО-Скопје, Тина Мицковска, тврди дека животното заловено во скопската населба Козле е волк, а не куче, како што претходно се шпекулираше во јавноста.

Таа вели дека по сместувањето на животното во карантин во зоолошката градина, вработените веднаш забележале дека според движењата и физичките карактеристики станува збор за волк.

„Кога го видовме убаво во живеалиштето каде што е сместено, во карантин во зоолошката градина, според секое негово движење и според сите негови карактеристики во изгледот, убаво се гледа дека навистина станува збор за волк, а не за куче“, рече Мицковска.

Таа посочи дека животното ќе остане под постојан надзор, а заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се проверува дали евентуално има микрочип.

„Со АХВ ќе се направи проверка дали има можеби микрочип, бидејќи тие се сомневаат дали е можеби украден од некоја друга држава или донесен од некоја друга зоолошка. Додека не го утврдиме тоа, не можеме точно да знаеме дали е микрочипирано или не“, додаде таа.

Мицковска рече дека повеќе лица кои го виделе животното потврдиле дека се работи за волк, меѓу нив и претставници од институции.

„Тука беше и директорот на ‘Лајка’, инспектори од АХВ кои го потврдија истото, но и нашите вработени овде“, изјави портпаролката.

Таа откри и дека разговарала со човек кој барал исчезнато куче-хибрид по име Сириус, кое наликувало на волк, но откако го видел видеото и фотографиите, потврдил дека не станува збор за неговото животно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сепак е волк: Животното најдено на ланец…

Портпаролката на ЗОО-Скопје, Тина Мицковска, тврди дека…

Ќе се решаваат и брзите кредити: Се…

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот…

Рекорден пад на нафтените резерви ширум светот

Глобалните регистрирани залихи на нафта се намалиле…

Работник тешко повреден при пад од висина…

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во…

ОЈО соопшти детали: Допирал девојчиња на возраст…

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…