Сериозни турбуленции во владата околу улогата на дел од министрите на коалицијата Вреди

t

Се разидуваат ли во политичките ставови околу новиот реконструиран состав на владата Мицкоски и Касами откако денеска премиерот одговарајќи на новинарски прашања, а коментирајќи ја изјавата на Касами дека министерот за правда Филков треба да биде дел од сменетите министри во новата реконструкција заедно со Фатмир Лимани.

Мицкоски потенцираше дека е задоволен од неговото работерње но и го потсети Касами дека тој ја предводи владата и одлучува за владиниот кабинет.

Филков пак и денеска псочи дека работел професионално и согласно законите а на Касами му реплицуираше дека тој не е премиер да одлучува за тоа кој ќе биде дел а кој не од владиниот состав .

Темата за реконструирање на владиниот состав Касами ја наметна во едно од неговите последни ТВ гостувања додавајќи и дека е моќна смена и на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, бидејќи имал одредени забелешки во неговото работење во извршната власт. Токму оваа тема е една од неколкуте и на вечерашниот состанок на Беса во нејзиниот центраен штаб во Тетово.

Биљал Касами Беса

– Тоа што имам да го кажам го кажав вчера . Вечерва ќе имаме состанок на претседателството за нашите одлуки , и за отчетноста на нашите функционери.

Судирот меѓу Касами и Лимани кулминира по локалните избори откако министерот кој беше кандидат за градоначалник на Кичево ги изгуби изборите во таа општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сериозни турбуленции во владата околу улогата на…

Се разидуваат ли во политичките ставови околу…

Најмногу туристи во Македонија во декември дошле…

Во декември лани 59.521 туристи оствариле 112.001…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже зошто со Заев…

Филипче жестоко се обидува да го одбрани…

Бугарскиот патријарх и Синодот индиректно застанаа зад…

Бугарската претседателката Илијана Јотова се сретнала со…

Физички нападнати тројца пожарникари во Куманово

Тројца пожарникари од Куманово биле физички нападнати…