СЗО: Нападите врз нуклеарните постројки на Иран би можеле да предизвикаат катастрофа
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изрази загриженост во врска со нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки во Иран по нападот во близина на нуклеарната централа Бушер.
Гебрејесус предупреди на платформата „X“ дека ваквите напади би можеле да предизвикаат нуклеарна катастрофа со здравствени последици што би „уништиле генерации“.
„Со секој ден што овој конфликт ескалира, влоговите и заканите стануваат сè поголеми“, рече Тедрос.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека ракета паднала во близина на нуклеарната централа Бушер вчера, при што загинал еден вработен.
Бушер е единствената оперативна нуклеарна централа во Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Нападите врз нуклеарните постројки на Иран…
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО),…
Оман предупредува: Заканите на Трамп се „екстремно…
Додека светот ги одбројува последните часови од…
Маѓар: Многумина сугерираа дека нешто „случајно“ ќе…
Унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар изјави дека…
Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите…
Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека…
Иран тврди: Соборивме повеќе „непријателски авиони“ за…
Иранските воени власти соопштија дека неколку авиони…