Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, велат од Министерството за транспорт
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира Министерството за транспорт.
Како што посочуваат екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
-Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта, посочуваат од Министерството за транспорт.
Нагласуваат дека координираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот период, со цел, како што велат, да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
(Видео) Несекојдневна глетка: Човек ползи на пешачки премин во Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија и Франција за модернизација на товарниот…
Две железнички компании во државна сопственост инвестираат…
Каква реалност нѐ очекува ако Русија каже…
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и…
Како во Русија функционира јавниот превоз на…
Животот во северните руски градови не запира…
Недела – неработен ден: Државниот инспекторат за…
ржавниот инспекторат за труд (ДИТ) најави дека…