Сите на улица! Синдикатите се обединуваат: Вработените од јавниот сектор со поддршка до работниците

t

Вработените од јавниот сектор со поддршка до работниците од стопанството за најавениот протест во среда. И тие ќе излезат на улица и ќе побараат повисока плата, бидејќи велат дека само на тој начин ќе може да издејствуваат зголемување на сите плати во државата.

Од синдикатот УПОЗ каде членуваат вработени во управата, и правосудните органи велат дека секој е одговорен сам за себе.

Трпе Деаноски претседател на УПОЗ

„Мораме сами да одлучиме, и веќе работниците да бидат самосвесни дека тие ги носат промените и дека само со нивната борба може да се добијат повисоки плати и подобри права. Секогаш не прашуваат, како успеваат вашите колеги од Грција или Франција, многу едноставно. Ако синдикатот повикува, граѓаните и работниците излегуваат. Кога сме солидарни и единствени можеме да добиеме тоа што го бараме.“

Од УПОЗ велат дека по објавувањето дека на 28ми ќе има голем протест, па се денеска од властите не добиле никаков повиик за средба. Како и да е, синдикалците велат дека простор за ценкање нема.

Трпе Деаноски претседалел на УПОЗ

„Има ли простор за ценкање? Ако не може 600 и ви понудат 500 евра. Ценкање може да ама за 650 или 700 евра.“

Барањата за ССМ се да се зголеми минималната плата од сегашните 400 на 600 евра, а со тоа и сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра.

Протестот започнува во среда во 17 часот пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, па работниците ќе се движат по главните булевари каде пред влезот на Стопанската Комора ќе ги испратат нивните барања до работодавачите и на крај маршот ќе заврши на Илинденска број два каде синдикалните лидери ќи им порачаат на властите дека работниците заслужуваат достоинствени плати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на улица! Синдикатите се обединуваат: Вработените…

Вработените од јавниот сектор со поддршка до…

Попладнево во Македонија екстремни дождови, најавени се…

Попладнево Македонија влегува во нестабилен метео-период со…

Малите трговци алармираат: Новиот закон за заштита…

Малите продажни објекти, како што се тобако-продавниците,…

Граѓаните на протест пред општина Куманово: Бараат…

Поранешните вработени во американските компании во Ирак…

Двајца малолетници запалиле автобус паркиран во дворот…

Двајца малолетници синоќа во Радовиш со запалка…