Објавено на:

Сијарто: Унгарија и Словачка бараат поништување на регулативите на RePowerEU за руски енергетски производи

t

Унгарија и Словачка ќе поднесат барање до Судот на правдата на Европската Унија за поништување на регулативата RePowerEU со која се забранува увозот на руски енергетски производи и ќе побараат суспензија на нејзината примена за време на постапката, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

Сијарто изјави дека Брисел сака следната недела да стави на гласање регулатива со која би се забранил увозот на руска нафта и гас во ЕУ, што, како што рече, би спречило стабилно снабдување со енергија на Унгарија и Словачка и би довело до нагло зголемување на цените, објави MTI.

„Оваа регулатива претставува сериозна правна измама, бидејќи јасно е мерка на санкции, која би морала да се усвои едногласно. Таа е спротивна на самите договори на ЕУ, кои јасно предвидуваат дека енергетската политика е одговорност на земјите-членки, како и на претходните проценки на Европската комисија“, изјави Сијарто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Унгарија и Словачка бараат поништување на…

Унгарија и Словачка ќе поднесат барање до…

Дали мирот во Украина зависи од нуклеарната…

Американскиот изасланик Кит Келог тврди дека договорот…

Сиљановска – Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата…

Пред нас е задачата да ја спречиме…

Малолетник заврши на ургентен – ова е…

Седумнаесетгодишно момче од Скопје било пренесено кај…