Сиљановска-Давкова: Владиното авионче моите колеги го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“, бидејќи е најмало и најстаро
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарско прашање за користењето на владиниот авион, со доза хумор и критички осврт ја објасни состојбата со државниот воздухоплов, кој според неа, повеќе е товар отколку луксуз.
„Моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат ‘авиончето на браќата Рајт’ бидејќи е најмало и најстаро. Старо е 25 години, а купено е веќе користено“, изјави претседателката, додавајќи дека секогаш чувствува дилема кога мора да го користи бидејќи нема друг избор.
Таа нагласи дека, иако авионот е застарен, неговата употреба понекогаш е неопходна за функционално извршување на државните обврски, а неретко е и поекономична опција од комерцијалните летови. Сепак, Сиљановска-Давкова укажа на сериозен хендикеп – капацитетот на леталото.
„Порационално и поефтино би било да имаме поголем авион, бидејќи со еден лет би можеле да патуваат повеќе луѓе и да се враќаат кога сакаат. Мој голем хендикеп е што со нас не можат да патуваат новинари. Кај моите колеги претседатели секогаш доаѓаат и новинарски екипи“, истакна таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…