Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини.
Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација.
Македонската претседателка ќе оствари средба и со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак.
Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин.
Утре, претседателката Сиљановска-Давкова во Националниот центар за култура и образование во Братислава ќе ја посети групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, со дела на македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска. Куратор на изложбата е Кирил Пенушлиски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална…
Македонија ја декласира Словачка и се доближи…
Ракометната репрезентација на Македонија направи огромен чекор…
(Видео) Фицо со повик за обновување на…
Словачкиот премиер Роберт Фицо, единствениот лидер од…
Лазаров повика 20 ракометари за мундијалскиот бараж…
Селекторот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација,…
Словачкиот премиер работел ноќна смена во пекара…
Словачкиот премиер Роберт Фицо денес објави дека…