Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана тоа не е точно

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека според информациите, што ги има од британскиот амбасадор и од Владата тврдењата дека се преговарало со Велика Британија за прифаќање мигранти во земјава се неточни.

Таа одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавите во дел од британските медиуми дека се разговарало со македонските власти за можен прием на мигранти во земјава и во однос на резолуцијата за мигрантите до Собранието, што претходно ја најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека ова прашање се интензивирало деновиве, а за него се зборувало уште кога се склучило стратешкото партнерство со Велика Британија.

-Ова прашање се интенвизира деновиве, инаку мислам дека за него чувме уште во време на склучувањето на Стратешкото партнерство. Колку што јас сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно. Мојот став е дека ако се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас и јас сум против нивен прием. Меѓутоа она што вие сега го кажувате резолуција, ама прашањето е за што ако ние немаме докази, бидејќи тоа што излегува во медиумите, со сета почит кон вашата професија, не мора да биде точно, рече Сиљановска Давкова по отворањето на Меѓународниот форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”, организиран од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN).

Сметам дека секогаш кога преземате некои активности, додаде претседателката, тоа мора да се заснова на факти и докази, за да не се губи времето во креирање дополнителни поделби за прашања кои навистина го немаат одговорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти:…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека…

Во американскиот Конгрес поднесен предлог-закон за повлекување…

Републиканскиот конгресмен Томас Маси поднесе предлог-закон во…

Собранието го изгласа Буџетот за 2026 година

Буџетот на расходната страна тежи 6,7 милијарди…

Борисов: Не размилсуваме за оставки пред да…

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов,…

„Како може да постои примање, ако нема…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…