Сиљановска-Давкова оствари средба со гувернерот на НБРМ: Економијата е стабилна, со солиден раст
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими на средба гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески.
Најпрво, гувернерот ги презентираше основните макроекономски показатели, а потем ја запозна со макроекономската политика.
Тој го објасни влијанието на глобалните геостратешки трендови врз македонската економија, објаснувајќи ги главните процеси во индустријата, трговијата и градежништвото.
Претседателката се интересираше за добрите страни на актуелната економска состојба, како и за недостатоците и ризиците.
Финалната оценка на гувернерот беше дека економијата е стабилна, со солиден раст, но мора да се внимава на увозната зависност и цената на храната и енергијата.
Обајцата сметаат дека стручните и компетентни човечки ресурси се особено важни за доброто функционирање на Народната банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова оствари средба со гувернерот на НБРМ:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими на средба…
Кој се плаши од внатрешниот дијалог во…
Пишува: Фатмир Битиќи, пратеник во Собранието Во…
ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за…
Демократската унија за интеграција уште еднаш потсетува…
Протест пред УЈП во Куманово – се…
Кумановци кои работеа во американски компании во…
АА ќе го обжали Законот за „Безбеден…
Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за…