Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитката по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите истакна дека треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права.
-Почитувани сограѓани Власи, Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет – нагласи претседателката.
Таа истакна дека во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани низ генерациите како печат на еден народ што умеел и успеал да си го сочува националниот интегритет и дигнитет во тешки времиња на војни, страдања и преселби.
-Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права. Има ли поголема потврда за демократската зрелост на македонскиот политички систем, како и за инклузивноста на македонското општество кон сите заедници? Со својот сестран општествен придонес, Власите оставија и продолжуваат да оставаат небришливи траги на секое поле! Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите! Вечен да е! – се наведува во четитката на претседателката Сиљановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова побара помош од дијаспората во спречувањето…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на…
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23…
Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај,…