Скандал во будистички храм во Тајланд: Уапсени монаси со порнографија, секс играчки и дрога
Четири будистички монаси се уапсени во Тајланд откако при рација во храм биле пронајдени порнографски материјал, секс играчки, список на придружнички и други забранети предмети.
Операцијата се спроведе на 27 јануари во храмот Фром Сунтон во покраината Чонбури, по поплаки од локалните жители за употреба на оружје и дрога во храмот, пренесува Дејли мејл.
На снимката се гледаат полицајци како ги пребаруваат спалните соби, каде што пронашле 89.000 бати (2.070 фунти) во готово, пиштол, пумпа за зголемување на пенисот, пиштол, список со контакти на проститутки и ДВД плеер со порно диск внатре. Тројца од уапсените монаси биле позитивни на метамфетамин.
Уапсените се Фра Супачаи Џантавонг (35 години), Фра Вират Мукдасанит (45 години), Фра Танапол Мејсон (59 години) и игуменот на храмот, Фра Фотисанг Тебмуан.
Сите четворица монаси се отстранети од нивните монашки редови и им е забрането да продолжат со своите верски активности.
Според властите, тројцата монаси за кои се тврди дека користеле дрога ќе бидат упатени во програма за рехабилитација, додека игуменот е предаден на имиграциските власти за понатамошна истрага и се очекува да биде депортиран.
Еден од уапсените наводно тврдел дека користел метамфетамин за ублажување на хронична болка поврзана со дијабетес и хипертензија, тврдење кое го истражуваат надлежните органи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во будистички храм во Тајланд: Уапсени…
Четири будистички монаси се уапсени во Тајланд…
САД ќе обезбедат 45 милиони долари помош…
Соединетите Американски Држави, кои одиграа голема улога…
Тајланд и Камбоџа потпишаа договор за прекин…
„Двете страни се согласија да го одржат…
Тајланд продолжува со бомбардирање на Камбоџа и…
Камбоџа денеска соопшти дека Тајланд продолжил да…
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа
Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа, по…