Скандалозно омаловажување и негирање на Македонците од Сулејмани: Тоа е народ на туѓи херои, а можеби се и внуци на првите балкански диносауруси!
„Денес нашите македонски соседи го слават Денот на азбуката. Сериозен празник, со сериозни говори, сериозни академици и луѓе, кои сериозно климаат со главите, како азбуката да им ја оставил нивниот дедо во неговиот тестамент. Азбуката, како што е познато, ја донеле браќата Кирил и Методиј – Бугари или не, но ова е тема што сè уште ги прогонува историчарите од регионот. Но, проблемот започнува штом групата ќе испие неколку чаши ракија и ќе почне да раскажува чудни приказни. Затоа што, според официјалната верзија, Македонците денес се во исто време: и Словени, и антички, потомци на Александар Велики, братучеди на Сонцето од Вергина! А ако можеби ќе се појават дека се дури и внуци на првите балкански диносауруси.“ – наведува публицистот и „аналитичар“ од Куманово Сермет Сулејмани во своето писание, намерно објавено токму на 24 мај, денот на Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители. Сулејмани не само што изнесува скандалозни омаловажувања на сиот македонски народ и го изложува на јавно исмевање неговиот национален и културно-јазичен идентитет, туку се впушта во негирање на тој идентитет и на историјата на македонскиот народ и неговите историски личности, индиректно доведувајќи ги еден од столбовите на македонскиот идентитет Кирил и Методиј во врска со Бугарите!
Во својата колумна со наслов „Народ на туѓи херои“ Сермент Сулејмани натаму изнесува: Нормалниот човек, се разбира, останува збунет. Како можеш да бидеш и Словен кој дошол на Балканот по 6-7 век, и потомок на Александар Велики, кој починал седум века пред Словените да се спуштат на овие земји? Ова е исто како јас да изјавувам дека сум правнук на Наполеон само затоа што носам шапка и сакам коњи. Но не, тие не се откажуваат од своите приказни. Напротив. Колку повеќе време поминува, толку повеќе им се зголемува апетитот за историја. Одамна почнале да собираат историски личности како да се поштенски марки. Александар? – Нивен. Мајка Тереза? – Нивна. Скендербег? – И тој, малку нивен. Всушност, ако работите продолжат вака, утре ќе чуеме дека дури и Одисеј се изгубил, додека го барал Скопско покрај течението на Вардар. Ние, Албанците, за да не им ја расипеме забавата на нашите сограѓани, станавме многу великодушен народ. Тие не нè прифаќаат како рамноправни во оваа земја, а ние им велиме: „Ако сакате, земете го и Адем Јашари!“
„Бидејќи нашите македонски соседи имаат голем проблем: нивната историја е како ергенски плакар, полупразен, полу со туѓа облека. Овие плагијатори продолжуваат да живеат меѓу две огледала: во едното го гледаат Александар со меч, во другото се гледаат себеси со словенски пасош. Размислуваат на српски, пеат на српски, пцујат на српски, а потоа се прашуваат зошто не можат да избегаат од својот древен сон. Затоа понекогаш и самите изгледаат збунети. И на крајот, човек не знае што да каже. Дали треба да ги наречеме древни? Дали треба да ги наречеме Словени? Дали треба да ги наречеме Срби или Бугари? Или треба да ги оставиме таму каде што одамна се: ни месо ни риба!“ – завршува овој „аналитичар“ во писанието, кое е објавено на интернет-порталот на информативната агенција Илирија-ИНА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандалозно омаловажување и негирање на Македонците од…
„Денес нашите македонски соседи го слават Денот…
ОЈО бара притвор за 40 годишник кој…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…
Пронајден мртов маж кај „Видиковец“ на Средно…
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје…
СДСМ: Македонскиот јазик е заштитен во ЕУ,…
Портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот…
(Видео) Патници скокале од трамвајот кој удри…
Дванаесет возрасни лица и две деца се…