Објавено на:

Скап Ренџ Ровер утринава запален во Центар

t

Денеска во раните утрински часови, околу 04:05 часот, во скопската населба Центар било пријавено опожарување на патничко возило „Ренџ Ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 54-годишен жител на Скопје.

Според информациите од надлежните служби, пожарот бил пријавен во СВР Скопје, по што веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Противпожарните екипи успеале брзо да го локализираат и целосно да го изгаснат огнот, спречувајќи негово ширење кон околните објекти и возила.

Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, но на возилото е причинета значителна материјална штета. По интервенцијата, на местото бил извршен увид од страна на полициски екипи и други надлежни служби.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за пожарот, вклучително и можноста за подметнување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скап Ренџ Ровер утринава запален во Центар

Денеска во раните утрински часови, околу 04:05…

„Аксиос“: Договорот меѓу САД и Иран ги…

Четиридневните разговори меѓу Израел и Либан во…

До 18 часот регистрирани 12 пожари на…

До 18:00 часот денеска на територијата на…

Жената од Таор најдена во шума е…

Обвинител и екипи на МВР ноќеска вршеа…

СЗО: Повеќе од 1.300 дополнителни смртни случаи…

Повеќе од 1.300 луѓе починаа како последица…