Скопјанец ја претепал бремената партнерка: Имала хематоми на главата и телото
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, при вршење семејно насилство во домот на улицата “Рајко Жинзифов”, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста.
Во расправија, тој започнал жената да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и телесни повреди – гребаници, отоци и хематоми на главата и телото.
Оштетената почнала силно да вика и да бара помош со намера да слушнат соседите и да повикаат полиција, но колку посилно викала толку осомничениот станувал поагресивен и посилно ја удирал, а во еден момент со намера да ја замолчи ја притиснал со раце на вратот. Жртвата, за да се спаси и да излезе од домот, го убедила осомничениот да одат на гинеколог за да направат ЕХО преглед и да го видат бебето.
Кога со автомобилот тргнале кон матичниот гинеколог и осомничениот застанал на семафорите на булеварот ,,Св. Климент Охридски”, оштетената успеала да избега од возилото и влегла во кафуле за да побара помош. Од човек кој седел во кафулето позајмила мобилен телефон и веднаш пријавила во полиција.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судска постапка за пет деца за ужасното…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…
Го натепале затоа што им рекол дека…
МВР го потврди настанот со претепаното лице…
Агресивен зет со тврд и остар предмет…
Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…
Градоначалниче, праќате празни пораки, насилството во Битола…
*Објава на Фејсбук на пратеничката од Левица,…
Браќа-насилници со тврд предмет тепале девојка во…
22-годишна девојка од Скопје вчеравечер пријавила во…