Скопјанецот Љупчо Стојановски е исчезнат цела недела — наводно е виден на повеќе места
52-годишниот Љупчо Стојановски пред една недела бил пријавен за исчезнат во Скопје, а неговото семејство, кое бара помош и од граѓаните, сподели дека имало повеќе јавувања во кои луѓе тврдат дека го виделе Љупчо на различни места во градот.
Според најновата објава на неговиот внук, скопјанецот, кој исчезнал пред неколку дена, бил забележан вчера околу 22 часот во скопската населба Ново Лисиче. Дополнително, според информациите кои ги добило семејството, Љупчо утрово околу 6 часот бил забележан и во Тафталиџе, во близина на Веро 2.
Семејството ги повикува сите граѓани кои можеби го виделе или имаат каква било информација за неговото движење да се јават и да помогнат во неговото пронаоѓање.
МВР претходно соопшти дека Љ.С. (52) бил пријавен како исчезнат на 11 август, а според пријавата исчезнал пет дена порано, на 6 август. Од полицијата информираа дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање.
Семејството упатува апел објавата да биде споделена што повеќе, со надеж дека информацијата ќе стигне до некого кој можеби го забележал Љупчо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…