Скопјанка скокнала од автомобил во движење откако била нападната од сопругот
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за семејно насилство.
Постапка е поведена против 33-годишен скопјанец, кој при вршење семејно насилство телесно ја повредил својата сопруга.
Според Обвинителството, на 20 јуни тој ја влечел и ѝ се заканувал во возило, а во еден момент се обидел да ја удри со стаклено шише. Во обид да се спаси, жената ја отворила вратата и скокнала од возилото во движење, по што осомничениот застанал и се обидел насилно повторно да ја внесе во автомобилот. Притоа, ѝ нанел телесна повреда, дело казниво според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
За двајцата осомничени, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложил определување мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во судот, привремено одземање на патните исправи, како и забрана за приближување, воспоставување или одржување контакти со оштетените и забрана за посетување на местата каде што тие се движат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанка скокнала од автомобил во движење откако…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Гаши утре во Софија на средба со…
Претседателот на Собранието Африм Гаши утре ќе…
Уставните судии си ги зголемија платите од…
Претседателот и судиите во Уставниот суд на…
Ќучук се пожали за нарушување на човековите…
Бугарскиот европратеник и поранешен известувач за Македонија,…
Македонскиот државјани е обвинет за убиство со…
Против осомничениот сторител е формиран предмет за…