Скопје утрово е најзагаден град во Европа
Скопје утрово е прв од најзагадените градови во Европа, покажува рангирањето на швајцарската „IQ Air“. Со просечна загаденост од 101, Скопје е прв во Европа, а на 21 место во светот.
Веднаш зад Скопје се амстердам и Сараево.
Апликацијата „AirCare“ покажува умерена загаденост, но на одредени мерни станици концентрацијата на ПМ-10 честички е над 200.
На сила се мерките на Владата за заштита на населението од загадувањето. На сите работодавци им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и граѓаните со хронична астма, прележан срцев удар или мозочен удар, без оглед на возраста. На оние кои мора да работат на отворено им се препорачува смените да им бидат поместени во интервалот од 11 до 17 часот, кога загадувањето вообичаено благо попушта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје утрово е најзагаден град во Европа
Скопје утрово е прв од најзагадените градови…
Скопје утрово е трет најзагаден град во…
Скопје и утрово е трет најзагаден град…
В четврток „Стоп за Усје“ организира блокада…
Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ на…
Скопје и утрово втор најзагаден град во…
Според подататоците на IQAir, Скопје и утрово…
Маж во Скопје пробал да се самоубие…
Од МВР известуваат дека денеска бил пронајден…