Славески: Барањата на ССМ за зголемување на минималната плата се несериозни

t

„ССМ организира протест со барање минималната плата да се зголеми за 50%, а сите други плати за по 6.000 денари. Тоа претставува несериозен и популистички пристап“ е ставот на гувернерот Трајко Славески кој на социјалната мрежа „X“ вели дека согласно Законот за минимална плата, износот на минималната плата во март ќе се зголеми според законски утврдена формула и праг од 57% од просечната плата, што е значително над препораките на Меѓународната организација на трудот (40%) и на ЕУ (50%).

Според него, Македонија е светски рекордер во односот – минимална/просечна плата.

Гувернерот рече барањето на ССМ се темели на анкета спроведена меѓу нивното членство, но тоа не е начин на кој се преговара за зголемување на плати со организациите на работодавачите.

Преговарањето, според него, треба да се базира на стандардни критериуми: зачувување на куповната моќ на платите, раст на економијата и учество на трудот во распределбата на продуктивноста.

„Просечната плата во земјава минатата година порасна номинално за 9,2%, а реално за 5,1%. Очекувањата за инфлацијата оваа година се до 3%. Барањата на ССМ се несериозни и неосновани, поддржани од популистички мотиви“ рече гувернерот Славески кој апелираше „системските решенија за раст на платите да се темелат на разум, економски показатели и долгорочна стабилност, а не на поединечни анкети и политички притисоци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славески: Барањата на ССМ за зголемување на…

„ССМ организира протест со барање минималната плата…

Пешевски „призна“ дека протестот е политички: Политика…

Објава на Фејсбук на Иван Пешевски: Премиере,…

(Фото+видео) Река од народ се движи кон…

Река од народ се движи кон Владата.…

(Во живо) Трендафилов: Ќе поднесеме закон, да…

ССМ ќе поднесе Закон да се намалат…

(Во живо) Започна протестот на работниците за…

Од пред зградата на работничкиот дом пред…