(Видео) Снег вее низ Македонија

Од утрово снежни врнежи се бележат на Водно и планинскиот премин Стража.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ) за денеска најави претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките места врнежи од дожд и снег, додека на планините ќе има интензивни снежни врнежи.
Времето ќе биде ветровито, а на некои места ќе дува ветер со брзина над 70 километри на час.
Според УХРМ, облачното, студено и ветровито време ќе продолжи и утре, а на некои места се очекува да провејува слаб снег.
После претходниот пролетен и сончев ден, денеска делови од земјата се зафатени со снег и студено време.
Врнежи од снег има и во регионот. Српските медиуми јавуваат дека западниот дел на земјата, како и главниот град Белград, се зафатени со снег.
Снег вее и во Крива Паланка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Снег вее низ Македонија
Од утрово снежни врнежи се бележат на…
Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е…
Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е…
Четворица повредени откако „БМВ“ излета на автопатот…
Вчера на автопатот Скопје-Тетово, во близина на…
Каде ни оди општеството: Поведена постапка против…
Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за…
Тешка несреќа на обиколницата близу Волково: автомобил…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на обиколницата…