Со ангелска торта и бројката 45: Сестрата на Тоше Проески го одбележа неговиот роденден

t

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија една од најзначајните личности на современата македонска култура.

По повод годишнината од неговото раѓање, неговата сестра Дора и годинава ја продолжи традицијата. Таа сподели фотографија од роденденска торта посветена на својот брат – бела торта со елегантни златни детали, украсена со бели ангелски крилја и свеќички со бројката 45, симболичен потсетник на роденденот што Тоше денеска ќе го славеше.

Тоше беше исклучително близок со своето семејство. И покрај интензивната и динамична музичка кариера, која беше во постојан подем, секој слободен момент настојуваше да го помине со најблиските.

Често се враќаше во Крушево, каде што со мајка му Доминика, татко му Никола и сестра му Дора ја наоѓаше тишината и мирот што ретко ги имаше надвор од домот. Посебна слабост, како што знаеја да истакнат неговите блиски, му беа и внуците Кристијан и Никола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвен крст Скопје денеска организира крводарителска акција…

Црвениот крст на Скопје денеска во холот…

Апасиев: Чичко Тоше кој со палица се…

Драги ТЕТОВЧАНИ Се сеќавате ли на оваа…