Со политиките на Владата, шопската салата сега чини колку претходно килограм месо, вели Лукаревска
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска обвини дека економските политики на Владата не даваат резултати, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми ценовни шокови, раст на сиромаштијата и отсуство на конкретни мерки за заштита на животниот стандард.
Error5
„Постојано цените растат и пред да биде криза и сега кога сме во криза некои производи двократно, трократно, десеткратно се поскапени. Денес да направите една шопска салата, што некогаш било евтина опција, сега чини како порано што чинеше кило месо“, појасни Лукаревска.
Таа потенцираше дека Владата нема таргетирани мерки за заштита на стандардот на граѓаните, а четирите мерки кои ги предложи СДСМ, за помош на граѓаните не беа прифатени.
Осврнувајќи се на инфлацијата, Лукаревска предупреди дека ситуацијата дополнително се влошува.
„Инфлацијата за април е 5,7% во однос на лани април, а во март била 4,9%. Мора да се справиме со соодветна стратегија во делот на галопирачката инфлација. Нема простор веќе оваа власт да прави од СДСМ алиби. А, онаа теза на власта дека сме трета економија во светот по раст на БДП, треба да ги прашаме граѓаните дали го чувствуваат тој бенефит. Цените растат, особено на прехранбените производи, а расходите исто така растат. Оваа влада повеќе троши отколку што собира. Индексот на сиромаштија е 21,9%. Ниеден економски показател не сооддејствува со моментот дека сме трета економија по раст на БДП. Имаме пад на странски инвестиции, а капиталните инвестиции минатата година беа реализирани само околу 50 проценти“, рече Лукаревска во емисијата „24 анализа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со политиките на Владата, шопската салата сега…
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска обвини дека…
Маж од Кочани загина во тешка сообраќајка,…
На 11.05.2026 во 21:28 часот во СВР…
Коцкарниците и кладилниците се селат од пред…
Владата на денешната седница го утврди новиот…
Паѓа продажбата на станови – цените остануваат…
Најскапиот метар квадратен во првиот квартал од…
Франција: Не е познато дали хантавирусот мутирал,…
Во Франција засега не е утврдено дали…